Минатата година Nissan го претстави моделот Ariya кој иако требаше да започне да се произведува минатото лето, поради коронавирусот и недостатокот на чипови, производството беше одложено за кон крајот на ова лето. Јапонскиот производител сега објави дека започна со прибирање на нарачки на јапонскиот пазар за овој модел.

Nissan Ariya Electric Coupé Crossover revealed - GreenCarGuide.co.uk

Со нарачката всушност се резервира возило, а за тоа да се направи потребно е да се уплати и симболичен депозит. Истото е овозможено и преку официјалната интернет страница на Nissan, па поради достапноста, јапонскиот производител очекува уште првите неколку месеци да стигне до бројка од над 100 илјади резервации.

Nissan Ariya: first look at the 389bhp AWD electric crossover | CAR Magazine

Почетната цена во Јапонија изнесува 5 милиони јени што е околу 41.265 евра, а цената на првата, специјална серија изнесува 49.515 евра.

Во однос на мотористиката, овој автмобил доаѓа со 100% електричен погон, кој дава 215 КС и вртежен момент од 300 Nm со пакет батерии од 65 kWh. Ќе понуди опсег на возење од 280 милји (450 км) заснован на јапонско тестирање.
Следно ќе биде подолг дострел (379 милји / 610 км) и помоќна варијанта на RWD (погон на задните тркала) напојувана од батерија од 90 kWh која напојува електричен мотор со 239 КС и вртежен момент од 300 Nm.

Истиот ќе биде достапен и на европскиот пазар, а повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.


„24auto“