Подгорци дел од рамазанската хуманитарната акција на ТИКА и МАТУСИТЕБ, во која беа доделени пакети со намирници, за ранливите семејства на нашата населба.

НВО „Амбиција“, во соработка со ТИКА, МАТУСИТЕБ И Џамиски Меџлис Подгорци, ја примија донацијата.

Од „Амбиција“ соопштуваат дека веќе започнале со поделување на хуманитарните пакети низ населбата, а упатија апел, „сите оние кои имаат потреба или би сакале да предложат некое домаќинство, на кое им е потребна помош, да се обратат во организацијата.“

„Ова е заедничка акција, односно ние сме дистрибутери на хуманитарната акција, која што ја реализира ТИКА, во соработка со МАТУСИТЕБ, за поделување на хуманитарни рамазански пакети, како хуманитарна помош за фамилиите кои што имаат потреба од таква помош, ние, како НВО Амбција, ги поделуваме пакетите во Подгорци, првата пратка е во изност од 30 пакети, но бројката е отворена и ќе има пакет за секоја една фамилија која што ќе има потреба. Поради тоа ги покануваме и ги охрабруваме оние кои што имаат потреба, или кои знаат некоја фамилија која има потреба, да не контактираат, за да би им доставиле пакет“, изјави Претседателот на НВО „Амбиција“, Џелал Кариманоски, за „Дубаи-Портал“

Тие упатија благодарност до ТИКА, МАТУСИТЕБ и сите останати, кои придонесаа во хумантиратната акција.

Аллах да ги награди за ова добро дело.