Регионалната влада во Брисел, денеска објави забрана за продажба и управување со дизел автомобили во регионот од 2030 година и бензински автомобили од 2035 година, во обид да се исполни целта на Европската унија за неутралност на јаглерод до 2050 година, пишува „Rtv.rs“ , пренесува „Dubai-Portal“.

Забраната ќе се однесува и на возилата напојувани со компресиран природен гас, течен природен гас и хибридни возила од 2035 година, пренесува Reuters.

Дизел скутерите исто така ќе бидат забранети од 2025 година, а скутерите со бензин од 2028 година, додека мотоциклите напојувани од тие горива ќе бидат дозволени до 2035 година.

Патен транспорт е одговорен за 30 проценти од вкупните емисии на јаглерод диоксид во Бриселскиот регион и е на тоа ниво од 1990 година, според Агенцијата за животна средина со седиште во Брисел.


„Rtv.rs“

„Dubai-Portal“