„Chiron Super Spor“t, кој е полуксузна верзија на „Chiron Super Sport“ 300+ со кој во 2019 година тест возачот на производителот достигна рекордна брзина од 490.48 километри на час, беше ставен на тест од страна на „Bugatti“.

Производителот од Молсхајм на овој тест му обрна особено внимание, па автомобилот пред да замине на патеката на „Volkswagen“ беше опремен со стотина сензори со цел на клучните места да се измерат важните податоци. Инаку, и оваа верзија на „Chiron“ се напојува со W16 моторот кој ги испорачува стандардните 1.600 КС и 1.600 Nm.


„Avtoplus“