„Тесла“ повлекува околу 285.000 електрични автомобили од Кина затоа што функцијата „cruise-control“ што ја одржува поставената брзина може случајно да се активира и да предизвика нагло забрзување на автомобилот, што претставува безбедносен ризик.

Во порака до потрошувачите на кинеска социјална мрежа, „Тесла“ нагласи дека постојат „потенцијални безбедносни ризици во екстремни случаи“.

Кинескиот орган за надзор на пазарот соопшти дека повлекувањето вклучува 211.256 седани „Модел 3“ и теренски возила 38.599 „Модел Y“ произведени во Кина, како и 35.665 увезени „Модел 3“ автомобили.

Возилата се произведени од декември 2019 година до овој месец.


„Nezavisen“