Една од моите задачи кои и самиот јас си ги поставив, имајќи го во предвид моето долгогодишно искуство, одлучув да напишам книга преку која повеќе ќе се доближан до нашите граѓани и сите оние кои сакаат повеќе да се запознаат со ова тематика, или пак воопшто пронајдат нешто што за нив ќе биде интересно.

Од тука тргнав, и еве ме денес во Љубљана, од каде сакам да започна со оваа презентација, и од каде што треба да продолжиме со нашето претставуваање на оваа книга и во Минхен-Германија.

 Навистина посебно сум почестен што наидов на многу убаво добредојде во Љубљана-Словенија, и каде еве во прекрасна атмосфера мојата презентација на книгата “ Окултизам, религија и политика“ – истакна на почетокот г-динот Шемоски.

Книгата во критички го обсервира и во реалитет го лоцира окултизмот како во традиција ( во човечките глави) така и во меѓусебната корелација на филозофски,религиски и политички аспект, потпрени на интересите на одредени елити кои се традициски ориентирани, ама и на интересите на современата елита посебно на капиталистичката класа на современиот Запад.

Покрај тоа книгата исто така зборува и за суеверието кое за жал е распространето и кај муслиманскиот народ, како обичај и навики како и кај другите религиски групи на Балканот и пошироко, надополни г-динот Шемоски.

Се разбира за нејзината содржина може многу да се зборува, меѓутоа за да се стане поблиску до нејзе и разбере, треба истата да се прочита и анализира.

Во организација на нашите сограѓани кои живеат и работаат во Љубљана и пошироко на другите делови на Словенија, во една одлична атмосфера со интеракција со присутните се разговараше и за одредени теми кои итекако се доста актуелни за денес, односно денешново време, заврши г-динот Шемоски, и ја препорача неговата книга, велејќи дека неговата намера е темата на истата и некои поими да се доближат до просечниот граѓанин-читател , а не нејзината продажба.

Како долгогодишен колумнист на нашиов портал (duba-portal.,com.mk) во името на нашава редакција на г-динот Шемоски му посакуваме успех во понатамошната работа, и се разбира уште голем број на други книги, за сите оние кои сакаат да се запознаат од одредени области и тематики.