Прототипот 1 на летачкиот автомобил „AirCar“ („ЕрКар“), опремен со БМВ мотор и обично гориво од бензинската станица, го изврши првиот меѓуградски 35-минутен лет помеѓу словачките меѓународни аеродроми во Нитра и Братислава, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

За разлика од eVTOL (електрични вертикални авиони за полетување и слетување), кои се повеќе слични на големите беспилотни летала отколку на вистинските автомобили, „AirCar“ („ЕрКар“) е вистински автомобил – и лета. Ова значи дека може да се користи за два вида транспорт, и на пат како автомобил и како авион.

Ова возило е развиено од компанијата „Klein Vision“ („Клајн Вижн“) и беше претставено за прв пат во 2019 година. Прототипот 1 „AirCar“ го направи својот прв лет на крајот на 2020 година и оттогаш има 142 успешни слетувања и над 40 часа летање.

Последното, 142-то слетување беше извршено на 28 јуни по првото 35-минутно патување на далечина од меѓународниот аеродром Нитра до Братислава, пишува „RTS“.

Професорот Стефан Клајн, креаторот на ова превозно средство и основач на компанијата „Klein Vision“, го возеше возилото во двата режима. Кога слета во Братислава, тој го претвори „AirCar“ назад во автомобил – процес на влечење на крилјата што траеше помалку од три минути – и потоа го возеше во градот.

Првиот меѓуградски лет беше извршен со моделот „Prototip 1“, кој се напојува со  „BMW“ мотор со 160 коњски сили со фиксиран пропелер, а може да лета со максимална брзина  од 190 километри на час. Во соопштението за печатот на компанијата „Klein Vision“, се забележува дека прототипот достигна висина од две и пол илјади метри и дека може, под надзор на Управата за цивилно воздухопловство, да направи стрмни вртења од 45 степени и да помине тестови за стабилност и управување.

Според „Klein Vision“, овој вид на превозно средство,  ќе го преполови времето на патување од многу едноставна причина. „AirCar“ ќе не однесе до аеродромот, каде што ќе го префрлиме во режим на лет и ќе го продолжиме патувањето.

Klein Vision“ исто така верува дека во иднина „AirCar“  целосно ќе го приватизира воздушниот сообраќај, бидејќи секој што го поседува ќе може да вози до најблискиот аеродром и да се издигне на небото. Како и да е, реално гледано, се чини дека патот кон таквата иднина ќе биде долг и ликвидатен и ќе вклучува сертификати, одобренија и, најверојатно, дозволи за пилот.

Прототипот 2 „AirCar“ ќе биде модел во претпродажба и ќе има мотор од 300 коњски сили со пропелер со променлив чекор. Треба да лета со брзина од 300 километри на час и да има опсег на летање од 1.000 километри. „Klein Vision“ се надева дека ќе можат да ги добијат потребните сертификати со цел да го регистрираат ова возило и како авион и како автомобил.

Компанијата планира да произведе две верзии, со две и четири седишта, а исто така се планира и модел што ќе може да плови.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“