Се одгледува во тропските и суптропските области. Тркалезниот плод има рапава, масна кора и сочно внатрешно месо богато со витаминот Ц. Главните комерцијални видови портокал се: кинескиот портокал, мандарините и морскиот портокал без семки. Дрвото на портокалот има широки, сјајни зимезелени листови со средна големина. Раѓа плодови во период од 50 до 80 години. Портокалите не добиваат дополнителен квалитетот откога ќе паднат од дрвото, па затоа се берат само кога се целосно зрели. Портокалот најчесто се употребува за поизводство на сок, а споредни продукти се есенцијалните масла, пектинот, слатката кора, мармаладот од портокал итн.

 

Го зајакнува имунитетот

Високото количество на витамин Ц во портокалот го стимулира производството на бели крвни зрнца во организмот, со што се зајакнува и имунолошкиот систем.

Спречува рак

Витаминот Ц во портокалите делува и како антиоксидант. Портокалите, исто како и сите останати цитруси, содржат Д-лимонен за кој е утврдено дека ефикасно го спречува развојот на поединечни видови на рак како што е ракот на кожа, дојка, граден кош, дебело црево и уста.

Го намалува холестеролот

Еден од најважните флавоноиди кој портокалот ги содржи во изобилие е хесперидинот. Истражувањата покажуваат дека овој флавоноид го намалува нивото на лошиот холестерол во организмот. На таков начин ќе се заштитите од срцев удар и од останатите кардиоваскуларни тегоби.

Ги ублажува воспаленијата

Портокалите имаат и антивоспалителни својства кои помагаат при ублажување на болките во случај на артритис и вкочанетост на мускулите и зглобовите.

Сјајна кожа

Антиоксидантите во портокалите ја штитат кожата од штетните делувања на слободните радикали за кои е познато дека го забрзуваат процесот на стареење на кожата.

Го регулираат варењето

Портокалите изобилуваат со хранливи влакна кои ги стимулираат желудечните сокови и спречуваат запек.

Правилен развој на мозокот

Тие се одличен извор на фолати и фолна киселина кои влијаат врз правилниот развој на мозокот, па токму затоа на бремените жени особено им се препорачува редовно да консумираат барем еден портокал днево.

Одлични се за видот

Портокалите се богати со хранливи состојки како што е витаминот А, витаминот Ц и калиумот кои се одлични за очите.


Tera