Крајната десница во Германија извршила 23.604 незаконски дела во 2020 година и ова достигна највисоко ниво во последните 20 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, говореше на промоцијата на „Извештајот за политичките незаконски дела во 2020 година“.

Истакнувајќи дека сите крајности се закана за германското општество, Зехофер рече: „Екстремната десница продолжува да биде најголемата закана за безбедноста во нашата земја.“

Наведувајќи дека 23.604 екстремно десничарски незаконски дела влегле во статистиката за 2020 година, Зехофер рече дека ова е највисоко ниво од 2001 година.

Министерот Зехофер исто така нагласи дека постапките на крајната десница што се претвориле во насилство се зголемиле за 10,8 проценти во споредба со претходната година и достигнале 1.092 незаконски дела.


Anadolu Agency