Девет војници загинаа во вооружениот напад на талибанските милитанти врз воената караула во авганистанската северна покраина Баглан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Еседула Шахбаз, член на Градскиот совет во Баглан, во изјава за медиумите истакна дека милитанти извршиле вооружен напад врз воената караула во подрачјето на Џерхушк во оваа покраина.

Тој истакна дека како резултат на овој напад загинале девет војници, додека неколку војници биле земени како заложници од страна на милитантите.

Шахбаз нагласи дека милитантите исто така зеле големо количество оружје и муниција од караулата.

Талибанците сè уште не дадоа изјава во врска со случајот.


Anadolu Agency