Најмалку десет лица го загубија својот живот во поплавите предизвикани од поројните дождови во различни зони во Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Агенцијата за помош и спасување на Црвената полумесечина на Иран, Мехди Велипур, во изјава за Новинската агенција на ирански работници (ИЛНА) говореше во врска со поплавите што се случиле вчера во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на земјата.

„Поројните дождови предизвикаа поплави во Исфахан, Јазд, Јужен Хорасан, Хорасан Резави, Керман, Семнан, Техеран и Систан-Белуџистан. Откриени се безживотните тела на 10 лица што исчезнаа во Јазд, Јужен Хорасан и Керман. Продолжуваат операциите за наоѓање на едно лице“, рече Велипур.

Тој нагласи дека од поплавите се погодени 6 подрачја и 47 села, и дека стотици лица учествуваат во операциите за пребарување и спасување.


Anadolu Agency