Коњите Јилки (диви коњи) во делтата Кизилмармак во Самсун го привлекуваат вниманието на љубителите на природата и фотографијата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Делтата Кизилмармак, која е на списокот на Светско наследство на УНЕСКО, опфаќа површина од 56 илјади хектари и е лоцирана во границите на областите 19 Мај, Бафра и Алачам.

Речиси 300 диви коњи кои живеат во колонии во делтата даваат посебна убавина на природата.

Дилек Генч, претседателката на Здружението за туризам во Самсун, за Агенција Анадолија изјави дека делтата привлекува внимание со своите диви животни, птиците, шумите, езерата, трската, биволите, фауната и флората.

Истакнувајќи дека дивите коњи во делтата го привлекуваат вниманието на локалните и странските љубители на природата и фотографијата, Генч рече:

„Делтата Кизилмармак е прогласена за чувствителна област која ќе биде заштитена. Делтата е едно од најголемите мочуришта на црноморскиот брег на Турција, и делумно ги има зачувано природните карактеристики. Дивите коњи кои слободно шетаат во делтата, го привлекуваат вниманието на локалните и странските љубители на природата.“

Таа рече дека делтата е прекрасна во сите четири годишни времиња и дека секоја година ја посетуваат 55-60 илјади туристи. „Нашите гости ги набљудуваат овие коњи оддалеку. Ако се малку потрпеливи, имаат можност да ги видат и одблизу. Коњите живеат во групи. Љубителите на фотографијата остануваат од утро до зајдисонце за да ги доловат прекрасните моменти.“

Anadolu Agency