„За да зборуваме за колективен имунитет и улогата на колективниот имунутет во повлекување на пандемијата во моментов, треба да имаме реален пресек на монеталната состојба на нивото на заштитни антитела во популацијата. За жал, и после помината година ипол освен некои мали серии, ние воопшто не тестираме, односно не направивме проверка на нивото на антитела преку скрининг на населението“, вели во изјава за „Локално“, проф. д-р Вело Марковски.

Имунологот смета дека без реален показател не може да се даде научно издражано мислење, ниту пак како држава можеме да спроведеме успешна стратегија.

„Факт е дека во моментот кога последниот бран од КОВИД 19 пандемијата се смири, а тоа е негде на почеток на јуни имавме многу малку комплетно вакцинирани, односно на 22 мај 2021 година ( 2 недели пред смирување на пандмеија) ние имавме негде 1,9 % вакцинирани. Јасно е дека пандемијата не сме ја смириле со стратегија, со успешно вакцинирање на голем број од населението. Дали населението природно се имунизирало? Не знаеме, и не сакаме да дознаеме, од некоја причина бегаме од масовни проверки на антитела како од оган. Од тука, да се оди со вакцина на деца за да се постигне колективен имунитет, а при тоа да не провериме дали децата имаат имунитет, и колкав е проценот на колкетивниот имунитет кај возрасните е крајно несериозно и неодговорно. Подалеку од децата. Во тек на изминатата година ипол децата ја поминуваа многу лесно инфекцијата со САРС КоВ2 вирусот. Не гледам зошто би се променило тоа. А,ако возрасните веќе имаат колкетивен имунитет (од вакцина, или прележување), не може да се разболат од никого, па ни од децата. Значи вакцинирање на децата за да ги заштитме возрасните е веќе без предметно. Од друга страна, се занемарува, се преќутува фактот дека вакцините против КОВИД 19 имаат значителни сериозни компликации“, објаснува Марковски.

Професорот смета дека децата не треба да се вакцинираат против ковид 19.

„Ако изгубиме макар едно дете со вакцина за болест од која не умираат децата и не знаеме кога и во која форма повторно ќе се јави коронавирусот, одговорноста на тие што го бараат тоа е огромна. Значи децата не треба да се вакцинираат во овој монет, и секако од септември треба да се вратат во нормалното функционирање и образовниот систем да профункционира во сите сегменти“, коментира Макровски.

За мене пандемијата заврши и мора да се вратиме во нормала

Според имунологот не може да се предвидат мутациите, а паниката која се создава за делта сојот е не оправдана.

„Дали досегашниот имунитет ќе не штити од делта сојот или некој друг сој со поголема мутација е логичното прашање. Луѓето кои ги кажуваат мерките и стратегиите се контрадикторни. Од една страна се бара сеопфатна вакцинација против САРС КоВ 2 вирусот, а од друга страна се пропагира дека се јавува мутиран сој на коронавирусот. Од досегашните искуства со грипот се знае дека ако настане значајна мутација на инфуенца вирусот, предходната вакцина не штити од грип и се вметнуваат новите варијанти на вирусот во новата вакцина. Значи ако е реална заканата за појава на многу мутиран сој на коронавирусот (без разлика како се вика, делта, канадски, австралиски… било како) треба да се прекине со вакцинирање со досегашните вакцинални соеви. Ако досегашните вакцини и антителата од природната инфекција штитат кон новите соеви, тогаш зошто непотребно се прави паника меѓу населението“, смета тој.

Во однос на тоа дали може да дојде до појава на нов бран со оглед на тоа дека е дозволено организирање на прослави на затворено, Марковски смета дека пандемијата е завршена и дека мора и треба да се вратиме во нормала.

„Дали ќе има нов бран? Кој знае, може ќе има, ама кога, дали после два, три месеци или две, три години или после десет години никој не знае. Јас би запрашал оправдани ли се вакви стравувања и дали треба рестрикции да правиме со години?? Од друга страна постојано во секој период сме под закана за појава на некоја инфективна болест со многу повирулентен причинител од коронавирусот. На такви закани сме биле цел живот, и секако и пред КОВИД 19 пандемијата. Летото може да ни се појават епидемии со ентеровируси, карантински форми на хеморагични трески… но може и да не се појават со децении. Мораме да живееме со фактот дека инфекциите постојат, а човековиот имунитет се прилагодил и од најголемиот процент на инфекции не се разболува или ако се разболе оздравува. Така да, ако некоја инфекција ни се појави во епидмеични форми тогаш ќе реагираме. Дотогаш општите мерки на хигиена и заштита мораме да ги применуваме во секој момент, а не сма во период од закана со епидемија или пандмеија“, објаснува докторот.

На одмор без страв

Имунологот им препорачува на граѓаните да заминат на летување без страв.

„Во момнетов високите температури се неколку пати поопасни од коронавирусот. А, уште поопасни се разни цревни инфекции кои лесно можат да доведат до дехидратација која е ургентна состојба за малите деца. Значи да се внимава каква храна и вода се користат, да се применуваат сите превентивни општи мерки и мерките за лична хигиена“, порачува Марковски.


„Lokalno“