Претседателот на Обединетите Арапски Емирати (OAE), Калифа Бин Зајед Ал-Нахајан (Khalifa Bin Zayed Al-Nahyan) нареди ослободување на 855 затвореници кои издржуваа разни казни, по повод Курбан Бајрам (Eid Al-Adha), пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.

Овој потег доаѓа како дел од ОАЕ: „Хуманитарни иницијативи засновани на вредностите на опрост и толеранција“, се вели во кралското соопштение. Во него се додава дека помилувањето имало и за цел: „Понудување на затворениците втора шанса во живот“.

Секоја година пред Курбан Бајрам, Ал-Нахајан (Al-Nahyan) го спроведува ова помилување: „Да се зајакнат семејните врски и да се донесат среќа и задоволство во срцата на мајките и децата и да им се даде можност на ослободените затвореници, да ја преиспитаат својата иднина и да се вратат на патеката на успешен социјален и професионален живот“.


„MEMO“
„Dubai-Portal“