Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака со честитка по повод муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам (кој почнува утре и ќе се слави во текот на 4 дена).

Претседателот Ердоган во пораката ги покани сите граѓани да ја искористат можноста за услугата којашто им се пружа за да се вакцинираат против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Ердоган истакна дека Турција со навремените мерки и здравствените политики во голема мера ја стави под контрола епидемијата на Ковид-19.

Тој рече: „Како земја која во голема мера ја стави под контрола епидемијата на Ковид-19 и направи чекори кон нормализација, Турција го дочекува Бајрам во многу подобри околности.“

Нагласувајќи дека Турција во споредба со просечната состојба во светот е на доста добро ниво во вакцинацијата и дека нема било какви проблеми во снабдувањето со вакцини, Ердоган информира дека домашната вакцина пак се надеваат дека ќе биде спремна за употреба до крајот на годината.

„Ги повикувам сите наши граѓани да ја искористат услугата за вакцинација што сега веќе им ја нудиме на сите лица над 18 години. Напредокот што ќе го постигнеме во бројот на случаите на инфектирани, болни и починати по пат на вакцинирањето, е од критично значење од аспект на здравјето на единките, моралот на народот и целите на земјата.“ – рече Ердоган.

Велејќи дека сите можности на државата Република Турција се ставени во услуга и под наредба на 84 милиони граѓани, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Со одлучност чекориме кон нашите цели во средина на доверба, стабилност, спокојство и надеж коишто се појавија со силата на Турција којашто постепено расте во нејзиниот регион и во светот.“

Претседателот Ердоган својата порака ја заврши честитајќи им го Курбан Бајрам на сите граѓани.

TRT