Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Според објавеното писмено соопштение од претседателскиот дворец на Русија (Кремљ),  двајцата претседатели, Ердоган и Путин во телефонскиот разговор разговараа за шумските пожари во Турција.

Претседателот Ердоган му се заблагодари на Путин за поддршката во борбата на Турција против шумските пожари, поради обезбедените уште 5 авиони и 3 хеликоптери за гаснење пожари од страна на Русија.

Путин исто такан и посака на Турција што поскоро да ги преброди пожарите.

Во разговорот е привлечено внимание на значењето на интеракцијата помеѓу двете  земји во борбата против елементарните непогоди за коишто станува збор, а воедно Путин информира дека ќе продолжат да ѝ доставуваат помош на Турција во гаснењето на пожарите.

Во телефонскиот разговор во кој беа разгледани и односите помеѓу Русија и Турција, исто така беше нагласено дека поминал позитивно и 17. состанок на Мешовитата економска комисија помеѓу владите на Турција и Русија што се одржа вчера во Москва.

Во телефонскиот разговор и двете страни истакнаа дека применувањето на постигнатите договори во трговијата, економијата, енергијата и другите сфери е поврзано со продолжувањето на заедничките активности.

Страните воедно постигнаа согласност по прашањето на продолжување на контактите на различни нивоа.

TRT