Во современиот свет, вообичаено е луѓето да ги користат своите телефони пред спиење, па дури и да ги држат под перница за време на спиењето. Но, колку е опасно за вашето здравје да спиете со мобилен телефон до вас, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

На почетокот на ерата на мобилните телефони, многу лекари и научници истакнаа дека зрачењето што го емитуваат овие уреди може да придонесе за развој на рак.

Пред да се појават на пазарот, денешните паметни телефони се подложени на опсежно тестирање за да ги добијат потребните безбедносни сертификати. Во секој случај, треба да се биде внимателен, особено навечер, смета Антон Јастрепцев (Anton Jastrepcev), директор на лабораторијата „Екоспејс“ („Ecospace“), компанија посветена на грижата за животната средина, пишува „ Sputnik Mundo“.

„Треба да се напомене дека штетата предизвикана од телефоните сеуште не е целосно проучена. Општо правило е да не спиете со телефонот во рака. Не ставајте го под перницата или до креветот“, вели инженерот за Sputnik.

Според Јастрепцев, повеќето уреди се сертифицирани за изложеност на растојание од половина метар. На оваа дистанца, нивното влијание врз здравјето е минимално. Од таа причина, се препорачува да не го држите телефонот до главата, нагласува тој.

Специјалистот исто така препорачува употреба на безжични слушалки за да се избегне интензивен контакт на телефонот со главата.

„Ако зборувате многу по телефон, можете да го држите телефонот дури и на маса – телефонот нема да ве зрачи, слушалките ќе зрачат, но тоа зрачење нема да предизвика никаква штета на телото“, објасни тој.

Јастречев нагласи дека во некои ситуации, мобилните телефони емитуваат повеќе зрачење од нормалното. Тогаш е особено важно да ги држите подалеку од главата и треба да бидете внимателни.

„Ако мобилната базна станица е далеку или врската е слаба – на пример во селата – тогаш телефонот троши многу енергија за да комуницира со базната станица и ќе емитува повеќе зрачење. Тоа мора да се земе предвид. Во такви случаи, подобро е да го отстраните од главата“, советуваше инженерот.

Експертот, исто така, потсети дека е особено важно луѓето со пејсмејкер да не го држат телефонот премногу блиску, бидејќи мобилниот телефон може да предизвика електромагнетни пречки и да влијае на работата на срцевиот апарат.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“