Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во полошкиот регион, лице со автомобил со тетовски регистарски таблички, избегало од бензинската пумпа без да плати за горивото кое претходно го наточил.

„Вчера во 07:15 часот, 29-годишниот Ц.Р. од Гостивар до СПБ Тетово пријавил дека лице со автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки околу 02:30 часот, на кое му било ставено гориво на бензинската пумпа каде што бил вработен, не ја платил сметката и веднаш го напуштил местото“, се наведува во извештајот од МВР.


„Alsat-m“