МУГЛА (АА) – Вкупно 378 нови историски артефакти се откриени од почетокот на оваа година во античкиот град Стратоникеја лоциран во турската егејска област Мугла, јавува Агенција Анадолија (АА).

Градот од 2015 година е на Тентативната (пробна) листа на УНЕСКО за светско наследство.

Исто така, познат и како „Град на гладијатори“, историскиот локалитет бил важен во хелинистичкиот, римскиот, византискиот и анадолскиот период, како и во османлиската ера и периодот на Турската Република.

Во изјава за AА, Билал Согут, раководител на ископувањата во Стратоникеја, рече: „Стратоникеја е жив археолошки град. Не постои друг жив археолошки град каде што структурите од античкиот период до денес се зачувани во целина.“

„Работите на ископувањето се во тек без пауза во текот на целата година“, нагласи Согут, додавајќи дека натписите на грчки, латински и османлиски јазик може да се видат на иста градба, со што градот го одразува културното богатство.

„Оваа година, за време на ископувањата се откриени 378 артефакти, меѓу кои архитектонски наоди и скулптури. Имавме многу плодна сезона“, истакна тој.

Согут додаде дека на посетителите на историскиот локалитет ќе им понудат „патување низ времето“ со 3Д-технологија.

 


„Anadolu“