8 C
Struga
Sunday, November 28, 2021
дома Македонија Таравари: „Ќе го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево“

Таравари: „Ќе го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево“

0

Наш политички противник е ДУИ, а секој кандидат кој не е од ДУИ треба да биде поддржан од албанската опозиција, рече генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за порталот „Tetova sot“.

Таравари најавува дека неговата партија најверојатно ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

„Мора најпрво да седнеме со нашиот коалициски партнер Алтернатива и верувам дека за два-три дена ќе ги имаме дефинирано партиските позиции кои ќе бидат официјализирани од органите на партиите. Наш политички протиник е ДУИ, па секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок“, изјавил Таравари.

„Покрај нашиот дополнителен ангажман во наредните десетина дена, пристигна информација дека Алијансата за Албанците во вториот круг од локалните избори ќе го подржи нашиот кандидат Александар Јовановски. Покрај поддршката што ќе следи од оваа партија, нашите заложби во наредните денови ќе бидат насочени кон зголемување на излезноста на членови на партијата и граѓани на општина Кичево, што ќе придонесе нашиот кандидат со реални шанси за победа да влезе во вториот круг, истакна Лазе Јаќимоски“, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево.


„Denesen – Tetova sot“
error: Alert: Content is protected !!