Тројца браќа со потекло од поранешна Југославија кои живеат во подрачјето на Инегол во турската област Бурса, работејќи заедно во иста работилница, го продолжуваат занаетот на рачна изработка на чевли, кој нивните предци го донеле од поранешна Југославија.

Браќата Реџаи, Сезаи и Хакан Илери, занаетот го научиле од братот на нивниот дедо, Енвер Илери и нивниот татко Џелал Илери. Тие произведуваат јеменски лесни чевли, опинци и местви. Производите, освен во Бурса, ги продаваат на големо и во околните области како што се Ескишехир, Кутахја, Билеџик и Афјонкарахисар.

Хакан Илери кој потекнува од албанско семејство, раскажувајќи за нивниот семеен занает, за АА рече дека неговиот дедо Зумбер Илери емигрирал во Инегол од Скопје, кој во тоа време се наоѓал во границите на Југославија, во 1955 година заедно со неговите браќа Сефер и Енвер Илери.

Можно е да е слика од обувки и текст кој вели „AA“

Наведувајќи дека кога дошле во Турција, нивниот дедо Зумбер и брат му Сефер Илери сакале да садат садници, Хакан Илери рече дека другиот брат Енвер Илери продолжил да произведува јеменски лесни чевли, опинци и местви.

„Татко ми во тоа време не сакаше да се занимава со расадникот на моите дедовци, затоа, тој, уште пред да почне на училиште, влезе во работилницата за производство за чевли и работеше со неговиот чичко до денот кога замина во војска. По војската, основа своја работилница. Татко ми почина минатата година. Педесет и осум години го работеше овој занает. Претходните години починаа и дедо ми и неговиот брат. Татко ми занаетот го научи од најмладиот брат на дедо ми, Енвер Илери, кој сега има 79 години. Поседува работилница во Инегол и прави чевли по нарачка“, рече Хакан Илери.

Можно е да е слика од 2 луѓе и внатре

Нагласувајќи дека заедно со неговите браќа продолжиле со производството, рече дека не можат да ги најдат квалитетните материјали кои се користеле пред 20-30 години.

Посочи дека со рачна изработка произведуваат оригинални чевли целосно од кожа.

„Мислам дека во следната генерација никој од нашето семејство нема да го продолжи овој занает. Затоа што секој нареден ден се соочуваме со различни проблеми. На пример, во Инегол има само еден мајстор изработувач на чевли, има еден и во Бурса. Тие се на возраст од 50-55 години. И тие имаат проблем со недостиг од чираци и калфи, исто како и ние.“

– „Нема чираци“

Средниот брат Сезаи Илери раскажа дека со чевларство почнал да се занимава уште во прво одделение во основно училиште поради занаетот на неговиот татко.

Истакнувајќи дека семејството, кое емигрирало во Турција по Втората светска војна, го пренеле и својот занает, Сезаи Илери рече: „Татко ми и нас нѐ научи како да правиме чевли. Господ да го благослови, ни даде занает.“

Илери рече дека занаетот почнале да го учат како чираци и раскажа: „Единствено не знаеме да кроиме чевли. Тоа значи шиење. Се надевам дека ќе бидеме целосни мајстори чевлари откако ќе го научиме и тоа. Целта ми е да научам да кројам и да правам чевли сам. Нашиот регион е Бурса, доставуваме чевли и во Ескишехир, Кутахја, Билеџик и Афјонкарахисар. Нашите производи ги испраќаме и во Истанбул. Во странство, во земји како што се Израел, Палестина, Ирак. Оваа година не извезовме. Се надевам дека следната година ќе почнеме пак да извезуваме. Нема чираци, сакаме да има чираци и тие еден ден да станат мајстори.“


„Anadolu Agency“