Двајца од вкупно седумте пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ по страшната несреќа на автопатот „Струма“ пристигнаа во болницата во Скопје, јавува репортерот на ТВ21.

Според информациите, тие ќе бидат сместени на Клиниката за пластична хирургија.

Се работи за 17-годишна девојка и едно повозрасно лице, а истите се стабилни и во добра општа состојба.

Претходно, министерот Венко Филипче посочи дека пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе направат проценка да се испишат на натамошен домашен третман.

Другите петмина повредени во несреќата, исто така се во добра општа состојба, а тие ќе бидат пренесени во Македонија во наредните денови.

Tv 21