ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган заедно со делегација отпатува за Туркменистан за да присуствува на состанокот на Организацијата за економска соработка (ECO) и за реализирање официјални разговори, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на официјалната посета, Ердоган ќе присуствува на 15. Самит на лидерите на земјите од Организацијата за економска соработка, закажан за 28 ноември, со кој ќе претседава туркменскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов.

Се очекува Ердоган да оствари билатерални средби со лидерите на некои земји членки и да го предаде мандатот за претседавање со Организацијата на Туркменистан.

Во делегацијата што го придружува Ердоган се министрите за енергетика и природни ресурси, одбрана, образование, земјоделство и транспорт и инфраструктура.​​​​​​​


„Anadolu Agency“