АНКАРА (АА) – Европската Унија (ЕУ) порача дека уривањето на куќите на Палестинците ги поткопува изгледите за мир и повика на запирање на таквите незаконски дејствија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Го повторуваме нашиот повик за запирање на уривањето и сите други незаконски практики што ги принудуваат Палестинците да ги напуштат своите домови“, објави Делегацијата на ЕУ на Твитер. „Уривањата се незаконски според меѓународното право и значително ги поткопуваат изгледите за мир.“

Се додава дека 21 отсто повеќе објекти се урнати или запленети во првите девет месеци од 2021 година во споредба со истиот период 2020 година, а 28 отсто повеќе луѓе се раселени, според Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања.

„Дваесет и двајца Палестинци, меѓу кои 15 деца, ги загубија своите домови во вторникот“, соопшти Агенцијата.

Се додава дека за еден ден, израелските власти уништиле и конфискувале неколку живеалишта, шатори, штали за добиток и објекти во изградба.


„Anadolu Agency“