Саиф ал-Ислам Гадафи (Saif Al-Islam Gaddafi), синот на поранешниот владетел Муаммер Гадафи (Muammar Gaddafi), не можел да учествува на претстојните избори во декември, објави  либиската изборна комисија, пренесува „Ројтерс“ („Reuters“).

Комисијата, како што се наведува во извештајот, најави отфрлање на кандидатурата на Гадафи (Gaddafi), кој Меѓународниот кривичен суд го бара, поради наводни воени злосторства.

Гадафи (Gaddafi) беше еден од 25-те кандидати, од вкупно 98, кои комисијата ги дисквалификуваше да учествуваат на изборите на 24 декември.

Адвокатот на Гадафи (Gaddafi), пак, рече дека некои вооружени лица го спречиле да поднесе жалба на одбивањето пред судот, во четвртокот.

Тој рече дека вооружени луѓе го нападнале либискиот суд пред жалбата на Гадафи (Gaddafi), против отфрлањето на неговата кандидатура за претседателските избори.


„Reuters“
„Dubai-Portal“