Во рамките на предвидениот документарно информативен дел на Дубаи Интернет ТВ, наскоро на каналот на овој профил започуна серијалот насловен како “ Од културното и историското наследство на Османлиите“.

Тоа е серијал кој ќе биде пропратен со низа на емисии низ кои ќе бидат презентирани сите културно историски објекти (џамии и др објекти ) како оставнина од Османлискиот период.

Објекти кои денес се активни, функционираат и оние кои постојат како споменици и ја представуваат оставнината на Османлискиот период.

Повеќето од емисиите веќе се реализирани и наскоро истите ќе започнат со емитување.

Во прилог на оваа информација, Ви го представуваме краткото видео, односно инсерти преку кои ви прикажуваме дела од реализираните емисии.