Известување до медиуми од родители на ученици во ООУ Гоце Делчев-Подгорци!!!

По барање на родителите од учениците во  8-мо и 9-то одделение во ООУ Гоце Делчев-Подгорци,Струга,вчера 07.11.2021г.во училиштето се одржа општа родителска средба со барање за решавање на настанатиот проблем со наставата по Хемија односно причината зошто во претходниот период не се реализира настава по Хемија во 8-мо и 9-то одделение???

Имено,по давање отказ по сопствена волја и одлука на применето лице на работно место наставник по Хемија по пат на јавен оглас,согласно законските прописи училиштето навремено доставило барање до основачот (општината)за добивање согласност за финансирање и вработување на ново лице.Од 10.10.2021 година до денес Училиштето нема добиено согласност од Општината како основач и неможе да вработи наставник кој ќе реализира настава по Хемија.Во меѓувреме за настанатиот проблем е известен и Државниот Просветен Инспекторат.

Како резултат на горенаведеното: -учениците во 8-мо и 9-то одделение не следат настава по предметот Хемија; -Наставната програма по Хемија според законски и програмски одредби не е реализирана; -Учениците(НАШИТЕ ДЕЦА)на крајот од првото тромесечие не се оценети по предметот Хемија; Како родители загрижени за нашите деца кои имаат уставно и законско право на образование,од Општината бараме образложение зошто досега не дала согласност за прием на наставник????? Бидејќи со истото е нанесена голема непоправлива штета на нашите деца.

Доколку веднаш основачот односно општината не даде согласност и не се реши проблемот НИЕ,родителите на учениците од ООУ Гоце Делчев-Подгорци ќе ја бојкотираме наставата,а исто така ќе ги превземеме сите останати мерки кои ни стојат на располагање!!!