Хуманитарната помош на ТКНЦ Румелија и нашите граѓани пристигна во Сараево.

0
Природната катастрофа која ги погоди регионите на Балканот, односно Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска зад себе оставија огромна материјална, а и нематеријална штета.
Преведено во бројки, иако моментално нема официјални проценки од штетата од поплавите, според прелиминарните груби проценки, штетата во Србија изнесува 1,5 милијарди евра, во ВиХ близу 1,3 милијарди, се наведува во соопштението кое ЕБРД го доставило до новинската агенција Тањуг..,

Како што е информирано од БКЗ (Бошњачката Културна Заедница), на 29.05.2014 , четврток, заврши првиот дел од кацијата за Босна и притоа беа испратени три полни шлепери со неопходни артикли и потребштини во Сараево и Зеница.,.

На иницијатива на БКЗ се одзваа голем број на организации од Македонија: РУМЕЛИЈА ТКНЦ – Струга, Генч Куд Врапчиште, Калемлери и ТДП Гостивар, Дрита – Тетови, Шпреха -Сарај и Општината Сарај, организацијата ЕНСАР, НВО ЕЛ ХИЛАЛ, Калири и ЛЕГИС – Скопје како и џамиските одбори од селата Подгорци, Лабуништа, Октиси од Струга, како и селата Оризари – Велес, Лажани – Прилеп, Санџак џамијата – Скопје, Хатунџук џамија – Скопје.

Со оваа пратка доставени се 70 тони помош во конзервирана храна, 70 нови душеци, 30 палети вода за пиење, и голем број на разновидни хигиенски средства и алати за санирање на последици од поплави.

БКЗ на МАКЕДОНИЈА , како иницијатор на оваа хуманитарна акција им се заблагодарува на сите учесници во оваа акција со која на несебичен начин дадоа свој допринос на директен или индиректен начин, и ја покажаа својата човечност,солидарност и хуманост на дело.

Нека драги Аллах ве награди за Вашиот искрен нијет и добрите дела.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име