Со одредување на вододелител за оваа предстојна сезона од 1-јули се започна со наводнување на земјоделско обработливите површини во атарот на населба Подгорци.

Засега немаме никаков проблем, немаме недостаток на вода, каналите за наводнување се очистени од отпаден материјал и протокот на вода непречено се доставува до површините кои се наводнуваат, ни изјави раководителот на Водната Заедница – Подгорци , – г-дин Насер Реџоски.

0

Очекуваме дека и оваа година како наредната се надеваме дека нема да имаме проблем со текот на одвивањето на наводнувањето и се разбира распоредот (термините) кои вододелителот ги одредува до граѓаните кои имаат засадено земјоделска култура.

Според она што го забележавме при посетата на Подгоречкото Езеро, како и секоја година има доволна количина за вода, меѓутоа тоа не значи дека жителите истата можат да ја трошат како сакаат, односно некотролирано, затоа што како што забележувате прдстојат високи температури и лесно може (а не дај боже) да се случи, да се доведе во прашање количината на вода.

16

Инаку, да напоменам уште еднаш дека и оваа година од сите доставени молбени барања за одредување на вододелител, повторно е избран г- динот Реџеп Кариманоски, и со него минатата година благодарение на успешно планираната работа од негова страна, особено околу раподелувањето на водата, немаше никаква примедба на неговата работа, што за нас представуваше и еден потик покрај сите други останати услови, а пред се ценејќи го мислењето на Подгорчани, тој повторно да биде избран за вододелител во оваа сезона.

Оваа година според нашата евиденција пријавени за наводнување се      рала пченка , и некаде околу  ракал отпаѓаат на врт.

Цената како и минатата година изнесува :

Притоа во ова пригода би сакал да апелирам до жителите на населба Подгорци, на што поекономично користење на водата за пиење, односно истата да не се злоупотребува, односно троши неконтролирано, со најкарактеристичното миење на асфалтните и бетонски површини покрај патиштата, со што би се довело во опасност редовното снабдување со вода на оваа населба, а од друга страна и покренување на одредени рестрикции во снабдувањето со вода од страна на Водната Заедница Подгорци. – ни изјави г-динот Насер Реџоски.

А, ние почитувани читатели и посетители на Дубаи Портал, накратко во продолжение на оваа информација ви проследуваме едно видео забележано од нашата посета на Подгоречко Езеро од пред една недела, како и забележани фотографии од Подгоречкото поле.

Дубаи Портал.

5

4

3

2

7

8

9

10

14

13

12

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име