За поткопување на соживотот или нешто сосема друго…

0

Сме навикнале веќе во оваа наша заедничка држава кога би тргнале од Струга, па еве веќе и од Подгорци кон Скопје да се изнагледаме на голем број  новопоставени верски симболи ( исламски, христијански, католички и др…). Како еден вид натпреварување, кој ќе постави повеќе или пак обележи си некоја територија како своја.

Е, сега дали со поставувањето на верско-националните симболи  се зацртуваат- обележуваат територии, за повеќето македонски аналитичари од повеќе е јасно  дека верата и националноста одамна се замешала во политиката и од тука овој народ ич нема видено аир, а и нема да види се додека од нивните глави не се тргнат ваквите негативни размислувања и сопствениот интeрeс за сметака на овој наш (не) народ кој ја повторува истата грешка со децении наназад , а до кога само еден господ знајт.

Од тука произлегува и едно прашање: дали со поставување на верски обележја на одредени места сме го решиле проблемот и сега народот ќе види некој аир?

Досегашниот одговор е дека народот досега не видел никаков аир,а ниту ќе видит.

Туку секогаш со ваквите постапки како од едната така и од другата страна се нарушуваат само верските чувства, и ништо друго , а тоа е и всушност она што е забрането и во исламската и христијанската вера.

Ама нејсе човекот во нејзино име настапува и мисли дека со тоа ја возвишува, претходно не познавајќи го добро она што е пропишано во Кур`анот и Библијата.

Очигледно е дека ова го прават лица кои воопшто не си ја познаваат својата вера, односно само површно пливаат во базен мислејќи дека ги достигнуваат длабочините на некое си море.

 

Ама нејсе, да скратиме.

Веќе извесен период во делот на од струшкото поле познато како Кореја, кое е во територијална припадност на Општина Вевчани , покрај веќе познатата Порта (Вевчанска) и новоизградениот манастир на само растојание некаде од 300-500 метри од спротиваната страна пред некој период поставен и нов верски симбол (Крст), а веќе имаме уште еден на Св. Спас.

Тоа  особено навечер ќе Ви падне во очи кога доаѓате кон Подгорци-Вевчани  и обратно , веднаш се судрувате со ова верско обележје од било која страна и да сте (лева или десна), бидејќи се осветлени и добро се препознаваат.

Врз основа тоа сакале или не нормален човек , ќе отцени дека овде се нарушуваат верските чувства и на другите припадници на вери, доколку знае дека овој пат секојдневно го користат и жители на друга вера, ова особено се однесува за Подгорчаните кои секојдневно поминуваат во овој дел кон својата населба.

Како и да е, некој ќе рече: па ќе прават што сакаат, ова е нивна општина, и  ништо тука не му можеш.

Во ред така е. Меѓутоа дали верата не учи на такво нешто, да се поставуваат верски симболи на места каде што не им е местото, колку да се покаже си некаква доминација, не имајќи во предвид дека со тоа се искривува и верата, мислејќи дека со таквата постапка ја возвишуваат.

Јас знам дека исламот не учи никогаш да не ги навредуваме или поврдуваме чувствата на припадниците на другите вери, а дали и во христијснаката вера е така, за тоа незнам, тоа треба да одговорат тие што ги поставуваат овие верски обележја.

Која е целта за ваквите постапки, сеуште не е јасно, ама е јасно дека нешто се крие и во прашање е време кое ќе покаже за што станувало збор. Вакви верски обележја особено од христијанската вероисповест на територијата од Вевчани и околината веќе изминативе години ги има во голем број, и тие едноставно се поставуваат на места каде што некогашимало и  немало никаков  верски објект-обележје.

Што се постигнува со ваквата постапка само еден господ знајт  и се разбира тие кои истите ги поставуваат, и на тој начин го доведуваат во прашање соживотот во овие населби.

Јас ниту во еден случај нема да дозволам да се наруши верскиот соживот во оваа населба, а се разбира ова е и размислување на повеќето мои сожители (Подгорчани), ама исто така пак нема ниту да дозволиме некој да се поигрува и со мојата вера и узурпира она што некогаш го оставиле нашите предци.

Се разбира, во овој наш случај никој не ја знае вистинската намера ( однсоно само шпекулации) за поставување на новиот христијански симбол (крст) и која е неговата вистинска цел.

Зради тоа како би ги одртгнале овие  шпекулации, од една страна, како и недај боже доведување на тест на меѓуетничките односи од друга страна, во интерес на вистината и јавното информирање, би салаке на едно кратко интервју(разговор) да упатиме покана до градоначалникот на Општина Вевчани г-дин Цветомир Угриноски, која накратко ќе не информира за ваквата активност ( се разбира доколку сака да ја информира јавноста, и на тој начин отфрлат различните шпекулации кои во изминатиов период се шират низ нашиве населби.)

Или официјално:

Во интерес на заедничкиот соживот и меѓуетничките односи во овој дел од нашиве населби, г-дине Угриновски, притоа имајќи го горе наведеното,  Ви упатуваме покана за учество во еден наш краток разговор (интервју) кое Вие ќе го закажете,  (дата и час) и закое се надеваме дека ќе ни излезете во пресрет. И укажете дека ви ниту било кој случај не го доведувате во прашање соживотот помеѓу припадниците на исламската и христијанската вероисповест.

Однапред Ви благодариме!.

Dubai Portal.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име