Партијата на Самка Ибраимоски и коалиционен партнер во Владата, ПЦЕР, реагира дека вчера министерот без ресор, Аксел Ахмедоски два часа го чекал кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на средба во Општината, која била договорена една недела претходно.

„Потпреседателот на партијата и актуелен министер имал закажано средба пред една недела со грaдоначалникот на Кумaново, Максим Димитриевски. Во закажаното време министерот Ахмедоски стигнал во Општината, но градоначалникот се појавил по еден час. Тој се извинил дека имал средба на која морал да оди и рекол дека веднаш се враќа. По два часа чекање градоначалникот го немаше, по што министерот се врати од Куманово“, се жали ПЦЕР.

Според ПЦЕР ова не било прв пат нивни министер да биде извисен од градоначалникот. Истото му се случило и на Самка Ибраимоски, кој во својство на министер, пред да стане пратеник, два часа го чекал Димитриевски.

„Дали би се однесувал вака кога би дошол некој министер од неговата партија, или дека министерот Ахмедоски е од ромската заедница па нека чека. Вака држава не бива, со ваква дискриминација на министер, немаме коментар. Димитриевски е целосно неодговорна личност и не ја почитува функцијата министер. Министерот не дојде да ве види Максим, туку да сработи тоа што му е дадена обврска од Владата за локалните акциски планови. Констатираме дека вие не сакате да помогнете на Ромите во Куманово што ви ги дадоа гласовите за да станете градоначалник. Бараме министерот за локална самоуправа да преземе законски мерки за некоректниот однос на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриески“, реагира ПЦЕР.

Извор:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here