Еве, веќе изминаа неколку дена од така нареченото свечено отварање на портата Вевчани. Се случи и помина, ама како? за некои со убави спомени, а за некои пак со…???

IMG_7933

Како и да е бидна и теа, ама сега ке биднуваат и други работи.. еве сега се гради и црква, се поставува верски обележја и што уште не, аман бре луѓе до кога ќе одите вака, зарем Вие сте тие што сакате да имате сожителство и со другите припадници на другите вери, еве во Подгорци живеат 98% муслимани, и прашајте ги колку тие веруваат во Вашето така наречено сожителство, онака како што објавувате по медиумите, зарем не знаете дека со се ова што го правите ги навредувате чувствата на останатите, дали верата така ве подучува????.. или пак Вие не си ја почитувате..

Времето ќе покаже кои се намери ги имавте и што сте сакале и што постигнавте со тоа.

Замислете си како би изгледало оваа слика која ја цртате да се сврти наопаку, во спротивна страна, тогаш како Вие ќе се чувствувате?? Како би се чувствувале кога секој ден би поминувале покрај некои исламски верски обележја, или дали можете тоа да си го замислете?, по се изгледа НЕ.

Дали со сето ова на овој начин се постигнува сожителство?? или какво е тоа Ваше сожителство, ама како и да е и на тоаа ќе дојде крајот.. ќе се дознае кој и на каков начин си ја почитува својата вера без да ги навредува други.. и еве малку по малку започнува, ИВЗ веќе ја бојкотира таканаречената конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски (дијалог…???),

IMG_7935

А, и самите Подгорчани ќе пронајдат некој свој Дијалог за подобро разбирање со Вас, се разбира како што велите Вие:

Ова е Вевчански пат, Вие Подгорчани можете да си одете по друг пат, патот не ве води од тука.. или пак како што рече една жителка на Вевчани а сега работи во Подгорци , Знаете нема да има никакви верски обележја на портата ( се мислеше уште кога се градеше истата пред да се пушти во употреба), ама види сега.. овде имаме нешто друго.. некаква нова слика секогаш и постојано полна со лаги и ….,

Како и да е времето ќе го покаже вистинскиот лик на оваа слика која секој ден се црта, ама постојано за кратко време бледее.

Се разбира не сме против одржување и развивање на сопствената вера, ама зарем на ваков начин, да се навредуваат чувствата на останатите припадници (муслимани) зарем вака пишува во Библијата, во Кур`анот не пишува тоа сигурно го знам, ама се сомневам и знам дека и Библијата го забранува тоа. Тогаш ако не се почитува оваа света книга зошто се измислуват некои работи, зарем на господ ќе му лицемериме. (ѓомити го почитуваме) .Јас се плашам од Аллах како и сите мои припадници на оваа вера, и во било кој случај, какви и да сме нема да му лицемериме на нашиот створител.

Вистинското сожителство е кај Нас во Подгорци, Лабуништа, Боровец и Октиси.  Прашајте ги Ваши роднини, пријатели и останати кои секојдневно работаат кај наши сопственици, се дружат и разговараат како едно и повторно се враќаат во Вевчани.

IMG_7934

Е, па драги Вевчанци замислете се дали Вие можете да се најдете на нашево место и вака да се однесувате со другите кои не се припадници на вашата вера или пак ако немате корист од нешто друго.

Оваа наша мини тема-колумна има уште многу да се пишува за да останат белези-спомени за т.н виртуелно сожителство.

Граѓаните кои го испратија овој текст до Админот на овој Портал, како и самиот Админ, им се извинуваат на сите оние кои сметаат дека им се  навредени нивните верски или пак други чувства.

Текстот е напишан врз основа мислењето на група наши граѓани, испратено до ДУБАИ-ВЕБ ПОРТАЛ.

 

 

1 COMMENT

  1. Алал да Вие. Во колумнава е представена фактичката состојба. Ќе додадам само дека во разговор со надлежните за изградба ни беше гарантирано дека нема да има верски обележја и дека постои опција (на наше барање) да биде ставено и името на нашето село – што не се случи (тоа било само лага и измама).
    Ова е доказ за нашата огромна толеранција. Меѓутоа, на повидок е Христијански Радикализам!
    Ви благодарам за колумнава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here