Реакција по повод непочитување на етничките заедници во Струга..

0
48

По повод изјавата за тоа зошто рамковниот договор во Струга важи за Македонците а не за Албанците, одредени наши граѓани на населба Подгорци до нашиот портал испратија своја реакција -видување на изјавата на еден  таканаречен веб портал Струга пресс,

Реакцијата на нашите граѓани е многу кратка и јасна: Треба да ја  издржите барем еднаш тежината  на самата ситуација, а не да се жалите по било кои медиуми и интернет портали,  за нарушување на етничките и верски односи и чувства, измина времето кога други го носеа товарот, а други само наредуваа како да се носи товарот, ако ова во Струга е нарушување на етничките односи, тогаш што претставува онаа што Вевчанците со овие градби ни го прават нас Подгорчаните,  зарем изјавите на ИВЗ за овие настани не се точни, зарем Вевчанската порта не постои, зарем не се гради Црква и уште…. зарем со ова не се нарушуваат чувствата на припадниците на исламска вероисповест од Подгорци, па и на останатите муслмани од околните села, кои би го користеле овој пат.

Она што токму се случува во Струга, сега се случува и во општина Вевчани, градоначалникот Села не ги почитува (ѓомити ) македонците, а г-градоначалникот на Општина Вевчани не го почитува кого??, која етничка заедница ,ајде замислете и погодете…

 

Ова е кратко видување на група граѓани на населба Подгорци !

Во прилог на оваа кратка Реакција ви ја објавуваме содржината од пренесената изјава на коалицијата заедно за струга, објавена во еден интернет Портал, Вие прочитајте ја и размислете кој и каде се наоѓа во оваа замаглена фотографија.

Граѓаните на Струга  веруваат дека Струга може да биде пример на меѓусебно почитување на етничките заедници,пример каде навистина би можеле да ги примениме сите придобивки кои владата на Р Македонија ги овозможува,вашето присуство и принципиелен  став би ги направиле нештата подобри.

Непобитен факт е дека правичната застапеност на Македонците во органите на локалната самоуправа во Струга не е на нивото на рамковниот договор на кого толку се повикуваат македонските албанци.

Во градот Струга живеат  за 100 % повеке Македонци, споредено со сите останати етнички заедници и тоа заедно Македонски албанци,турци, роми и др.

Во Струга најголема и најсилна советничка група е ЗАЕДНО ЗА СТРУГА  која брои 11 советници составена од Македонци и Власи..

Во Струга најсилниот политички субјект не смее да биде игнориран, во Советот  на Струга и во општината воопшто , особено затоа што тоа ке значи дискриминација по етничка основа и ке  биде во спротивност со рамковниот договор.

Не смее новиот градоначалник  Зијадин  Села да прави мајоризација, да дозволи да се случува надгласување по етничка или верска основа,што беше чест случај во претходниот состав на Советот на општина Струга.

Во Советот на Општина Струга претседателот на советот треба да биде од редовите на најголемата етничка заедница македонската,особено затоа што градоначалникот е од редовите на македонските албанци.

Тоа би бил еден компромис ,кој нуди доверба меѓу ентитетите ,застапеност на најмоќните политички фактори ,а резултатот би бил од интерес за сите граѓани.Акцентот би бил на економско развојната компонента , наместо на етно радикализмот.

Црно или бело,развој или стагнација и тотален колапс на Струга во ваква констелација на сили би бил единствената алтернатива , едноставно нема простор за други варијанти.

Приказната за ‘’Албанска Струга’’ заврши, сега граѓаните ке бараат работа, инвестиции, подобар живот, повисок стандард.

Не треба да се дозволи , да се дискриминираат стручните и образовани кадри, особено на Македонското мнозинство во Струга на кое во овој момент  му се занемарени правата според рамковниот договор.

Не смее да има двојни аршини.Едни за на централно ниво каде Рамковниот договор Македонците го почитуваат , а други на локално ниво каде Македонските албанци го изигруваат.

Ние Стружаните сакаме да ги слушнеме овој пат ,амбасадорите во нашата земја, можат ли да бидат принципиелни и да зборуваат и толкуваат со ист аршин за сите , или во овој случај ке молчат и никаде ке ги нема?

Ова се зборови на граѓаните на Струга.

Затоа , Ваши Екселенции

г.Волерс,г.Шчербак,г.Кристиани,г-ца Стеинакер,г.Баер,г-ца Шуман.г.Ивон и останатите.

Ве покануваме ,овде во Струга ,додека не е избран претседателот на совет на Општина Струга, да дојдете и го пренесете вашиот став и искуство ,чувство за компромис и толеранција.

Отворено,искрено,но одлучно ке разговараме .Знаеме дека демократијата бара меѓу другото и искреност.

Граѓаните на општина Струга излегоа во голем број за да дадат подршка за развојот и просперитетот,нивниот глас треба и мора да се почитува.Се друго би било рушење на основните човекови права и кршење на постулатите врз кој се темели Рамковниот договор кој треба и мора да важи за сите.

Коалиција ЗАЕДНО ЗА СТРУГА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here